За нас

Бејкер стрит (Baker street) е прва “niche” книжарница во Македонија специјализирана за криминалистичка фикција.

И самите љубители на тој жанр, помисливме колку би било убаво кога би можеле да ги имаме сите изданија од нашиот омилен жанр на едно место.

Од таа перспектива ја обмисливме и отворивме книжарницата за сите љубители на криминалистичката фикција.

Во нашата понуда се опфатени сите под-категории на жанрот, вклучително и: авантура, акција, трилер, криминалистика, детективски романи, мистерија, хорор и психолошки трилери, шпионажа и сл.

Заследете ги нашите профили и на социјалните мрежи Facebook и Instagram каде што освен информации за книгите, акции и попусти ќе дознаете и многу интересни тривијалности во врска со вашиот омилен жанр.

 

THE GAME IS AFOOT, MY DEAR WATSON!

(Играта може да започне мој драг Вотсоне!)

 

Ви посакуваме пријатно читање!

Тимот на Бејкер стрит