Податоци за уплатница

За да платите со уплатница, потребно е при начин на плаќање и начин на испорака да одберете – плаќање со уплатница.

Плаќање со уплатница можете да извршите во било која банка на територија на Р. Македонија или електронски доколку имате таква можност.

Податоци за плаќање со уплатница:

ЛЕВА СТРАНА - УПЛАТУВАЧ

Назив и седиште на уплатувач: го пишувате Вашето име и презиме и Вашата адреса на живеење (од л.карта)

Банка на уплатувач: се остава празно

Повикување на број: се остава празно

Цел на дознака: за нарачка бр – ??? го пишувате бројот на вашата нарачка кој ќе го добиете во меилот за потврда на нарачка, веднаш откако ќе ја комплетирате нарачката на нашата on-line продавница

ДЕСНА СТРАНА – ПРИМАЧ

Назив и седиште на примач: Бејкер стрит паблишинг дооел Скопје

Банка на примач: НЛБ Тутунска банка

Трансакциска сметка: 210076265840152

МКД: ја пишувата крајната сума (цена на производи + испорака) за вашата нарачка

Доколку плаќате со уплатница во готовина (кеш), ја користите сината уплатница од сликата погоре – ПП10.

Доколку плаќате директно од Вашата сметка или електронски, искоритете ги истите податоци прикажани погоре.