Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Прирачник за заштита од измами и комплутерски криминал

Роберт Атанасов

Редовна цена ден 400.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 400.00 MKD
Попуст Распродадено
/
Во македонската стручна литература ова е прв прирачник од ваков вид.
Големиот број на случаи од реалноста и поуки изложени во прирачникот се од исклучително значење за граѓаните, трговците и правните лица навреме да ги препознаат можните измами и превентивно да дејствуваат во заштитата на својот имот, углед и достоинство.
Бројните случаи на измами и форми на компјутерски криминал, уште еднаш ги потврдуваат човековите вечни слабости на лековерност, подмитливост, алчност, несовесно, неморално и незаконско однесување, со цел да се оствари одредена имотна корист. Сите тие уште еднаш ја потврдуваат креативноста, досетливоста и немилосрдноста на измамничкиот дух кој ги користи овие слабости, кои освен имотна штета предизвикуваат и душевна психичка болка! Затоа треба да се биде внимателен!

Види повеќе

Споделените искуства во прирачникот, значително придонесуваат кон зголемување на претпазливоста при стапувањето во правните односи, во правниот промет, заштитата на сопственоста и имотот. Искуството во прикажаните случаи потврдува дека не секогаш искреноста, довербата и добрината вистински се вреднуваат. Во таа смисла прирачникот упатува порака дека треба да се верува, но и да се проверува, со што се потврдува старата латинска максима дека искуството е најголемиот учител во животот! (Usus optimus magister vitae est.)
проф. д-р Ангел Ристов,
вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Издавач

Просветно дело

Детали за производот

ISBN:
Година на издавање: 2021
Број на страници:

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 60ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука