Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Шерлок Холмс: Баскервилскиот пес

Артур Конан Дојл

Редовна цена ден 360.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 360.00 MKD
Попуст Распродадено
/
Сер Чарлс Баскервил е мртов; смртта е ненадејна, а околностите мистериозни. Жителите на Дартмур се истовремено шокирани и многу исплашени. Дали за смртта на сер Чарлс е виновен ѓаволскиот пес кој го прогонува семејството Баскервил со генерации? Истовремено се повикани новиот наследник на имотот и двоецот Холмс и д-р Вотсон. Доделена им е двојна задача: да го решат случајот и да го зачуваат животот на новиот наследник на Домот на Баскервилови, бидејќи песот – ако навистина постои – сè уште е на слобода.

Види повеќе

Романот „Баскервилскиот пес“, првпат објавен во продолженија во 1901 година, е третиот роман за лондонскиот детектив-аматер и неговиот помошник. Заради злокобната атмосфера, таинствениот пејзаж и грозоморноста на злосторот, овој хорор-детективски роман е едно од највпечатливите достигнувања на Артур Конан Дојл и траен миленик на публиката сè до денес.

Издавач

Арс ЛИБРИС

Детали за производот

ISBN: 978-608-267-252-6
Година на издавање: 2021
Број на страници: 168

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 60ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука